Каспаров: ФИФА треба да прави кабли од косата на Хрватите!

Синоќа на Светското првенство повторно имаше грешка која предизвика лавина реакции, а се јави и легендарниот шахист, Гари Каспаров.

При акцијата за погодок на Белингем, топката погоди кабел од висечката камера и го промени правецот.

Од ФИФА излегоа со соопштение дека сензорот во топката не регистрирал допир со кабелот иако од видеата јасно се гледа дека има контакт.

За разлика од овој дуел, на мечот меѓу Хрватска и Португалија, топката регистрираше допир на косата на хрватскиот фудбалер по што им беше поништен гол.

Каспаров за сето ова имаше ироничен коментар.

„ФИФА треба сите кабли за камерите да ги прави од косата на Хрватите“, рече легендарниот шахист.