Трагедија: Поранешен фудбалер на Бенфика загина во сообраќајка (ФОТО)

Поранешниот португалски фудбалер Ману, кој во текот на кариерата настапуваше и за Бенфика, загинал во саботата во тешка сообраќајка на 43-годишна возраст.

Несреќата се случила во саботата околу 6.30 часот, кога бившиот фудбалер ја загубил контролата врз возилото во кое бил сам и истото завршило на покрив.

Ману ја почна кариерата во Виторија, а потоа го носеше дресот на Бенфика, Модена, АЕК, Маритимо, Легија Варшава и уште неколку екипи пред да ја заврши кариерата.

Фото:  Sport Lisboa e Benfica