Падна нова „жртва“: Уште еден селектор доби отказ по елиминација од СП

Фудбалскиот сојуз на Сенегал соопшти дека го отпуштил селекторот Папе Тијау откако неговата селекција неодамна беше елиминирана во нокаут-фазата од Светското првенство (СП).

Сенегал информира дека одлуката била донесена по детална анализа на спортските резултати и во најдобар интерес на сенегалскиот фудбал.

Репрезентацијата на Сенегал беше поразена во шеснаестинафиналето на Мундиајлот од Белгија со 2-3, иако водеше со 2-0.

Фото: Fédération Sénégalaise de Football