Мекгрегор за 65 секунди во рингот ќе добие - цело богатство!

Конор Мекгрегор загуби од Макс Холовеј во Лас Вегас, но дома ќе замине со еден куп пари. Ирскиот борец само за настапот ќе добие 15 милиони евра, а со голем број бонуси и маркетинг активности износот ќе надмине над 30 милиони евра.

Мекгрегор немаше успешно враќање во рингот, затоа што издржа само 65 секунди против Холовеј, меѓутоа не треба да биде незадоволен затоа што ќе ја наполни касата.

Ирскиот борец е во завршна фаза од кариерата и засега не е познато дали повторно ќе влезе во рингот.