ФИФА објави снимка за да докаже дека првиот гол на Англија е регуларен (ВИДЕО)

Англија ја совлада Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство. Натпреварот го отвори Андреас Шјелдеруп со гол во 36. минута, а потоа Џуд Белингем со два гола донесе целосен пресврт, најпрво стрелаше во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме, а потоа и во почетните минути од првото продолжение.

Првиот гол на Белингем предизвика бројни реакции. Англија ја започна акцијата по исфрлањето на норвешкиот голман Орјан Ниланд, кое изгледаше невообичаено кратко. Веднаш потоа Ниланд му објаснуваше на судијата дека топката во лет го допрела висечкиот кабел на камерата над теренот.

По спорната ситуација се огласи и ФИФА преку својот официјален профил каде што тврди дека немало никаков допир. 

„Пред голот на Англија во 45+2. минута против Норвешка, сензорот во топката не регистрираше никаква промена во нејзините параметри додека беше во воздух. Затоа нема докази дека топката го допрела кабелот над теренот и поради тоа ја променила својата траекторија“, соопштија од ФИФА.