Кејн ќе се израмни со Руни, пред него останува само Шилтон
Со тоа, напаѓачот на Баерн ќе се израмни со Вејн Руни на вечната листа на фудбалери со најголем број настапи во историјата на англискиот национален тим. Пред него ќе остане само легендарниот голман Питер Шилтон со 125 натпревари, а неговиот рекорд важи веќе 36 години.
Кејн одамна е најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација со 85 гола и има големи шанси да стане првиот со троцифрен број погодоци.