Рекордната серија на Меси застана на девет натпревари

Првпат на ова Светско првенство, најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси не успеа да постигне гол на еден натпревар и покрај тоа што Аргентина ја победи Швајцарија со 3-1.

Фудбалерот на Интер Мајами асистираше за првиот гол, но не се запиша во листата на стрелците и со тоа ја прекина серијата натпревари со гол со која постави рекорд на мундијалите. Таа изнесува девет меча по ред, ја почна на претходното првенство, против Австралија, а потоа погоди и со Холандија, Хрватска, Франција и на актуелниот шампионат против Алжир, Австрија, Јордан, Зеленортски Острови и Египет, серија која на ова првенство не може никој да му ја достигне, а ќе остане предизвик за идните генерации, а најблиску е Мбапе кој не даде гол против Норвешка во групната фаза, па сега има три меча по ред со барем еден гол.

Вкупно на овие девет натпревари, Меси постигна 13 гола, вклучувајќи еден хет-трик, против Алжир во првото коло, а интересно е тоа што на овој Мундијал, ниеден гол не постигна од пенал и покрај тоа што имаше два обида.

Сепак, од вчера Меси е единствен фудбалер во историјата со дабл-дабл на светските првенства. Досега има 21 гол и 10 асистенции и уште два натпревара да го подобри својот ефект пред да замине во репрезентативна пензија.