Швајцарците бесни – бизарен црвен картон од ВАР ги остави без историско полуфинале (ВИДЕО)

Судиите во ВАР-собата целосно го свртеа четвртфиналниот дуел меѓу Швајцарија и Аргентина (1-3), откако во само неколку секунди, жолтиот картон за Леандро Паредес беше поништен, а Брил Емболо доби втор жолт поради симулирање.

Овој момент практично ги скрши Швајцарците и го отвори патот на актуелниот светски шампион кон полуфиналето. Европјаните беа рамноправен ривал и по регуларните 90 минути резултатот беше 1-1, но пресвртот се случи во 71. минута, само неколку моменти по нивниот израмнувачки погодок. Емболо падна по дуел со Паредес, а главниот судија Жоао Пињеро најпрво досуди прекршок и му додели жолт картон на аргентинскиот фудбалер. Сепак, од ВАР собата реагираа, посочувајќи можност за „погрешен идентитет“, односно дека наместо прекршок, станува збор за симулирање.

По прегледувањето на снимката, Пињеро ја промени својата одлука. Жолтиот картон за Паредес беше поништен, а Емболо беше санкциониран за „глума“. Со оглед на тоа што напаѓачот на Швајцарија веќе имаше јавна опомена од 44. минута, автоматски заработи и втор жолт, односно црвен картон. Швајцарија така остана со десетмина фудбалери во момент кога имаше позитивен психолошки момент по израмнувањето.

Бројчаната предност Аргентина не успеа да ја искористи во регуларниот дел, но во продолженијата целосно ја презеде контролата, постигна два гола и со победата од 3:1 обезбеди место во полуфиналето на Светското првенство.