Руни за поништениот гол на Норвешка: Имавме среќа, тоа не беше прекршок!

Норвешка загуби од Англија со 1-2 во четвртфиналето на Светското првенство (СП), но една ситуација од 55. минута привлече големо внимание, а за истата својот став го сподели поранешниот англиски напаѓач Вејн Руни.

По еден центар-шут од корнер, Норвешка успеа да погоди за 2-1, но потоа реагираше ВАР-технологијата и го поништи голот поради тоа што Ерлинг Халанд го турнал Елиот Андерсон.

Норвежаните не беа среќни поради одлуката на ВАР-системот, а Руни посочи дека за него во таа ситуација не постоел прекршок.

„Во оваа ситуација имавме многу среќа. За мене тоа не е прекршок. Наша среќа е тоа што досуди слободен удар, но немаше елементи за такво нешто“, кажа Руни.