Зверев: Јаник, не те сакам повеќе, изгубив од тебе деветпати по ред

Очигледно беше разочарувањето кај Александер Зверев по уште еден неуспех пораз во Гренд слем финале, како и по уште еден пораз од првиот светски рекет Јаник Синер.

Иако од утре ќе биде втор на АТП листата, Германецот испушти шанса да дојде до вториот Гренд слем трофеј, по оној во Париз минатиот месец. По финалето, иако на шега, имаше што да му каже на својот денешен противник.

„Пред се, Јанил, повеќе не те сакам! Деветпати по ред губам од тебе. Секако, прво честитки до Јаник, тој повторно покажа зошто е најдобар на светот. Беше убаво да го делам Централниот терен со тебе, голема чест е. Не успеав, но честитки“.

„Честитки и до тимот на Јаниќ, почнавте надвор од Топ 10 и стигнавте до точката каде што сте број еден во светот и шампиони на Гренд слем. Сето ова е тимска работа и Јаниќ сигурно ќе биде првиот што ќе го признае тоа. Честитки и до тебе“.

Многу е посебно да се игра на Централниот терен, а Кралската ложа е причината. Гледам толку многу неверојатни луѓе пред секој натпревар. Тоа е најуникатниот терен во светот. Навистина е посебна таа ложа и огромна чест е да се игра на овој терен, толку е едноставно“, импресиониран беше Зверев.

За Синер ова беше петти Гренд слем трофеј во кариерата и од утре ќе има безмалку 5.000 бода повеќе од Зверев.