Роберто Карлос му грмна Роналдо: Ако си неспособен да освоиш СП, не го девалвирај
Португалецот го повтори тоа по елиминацијата на неговата репрезентација во осминафиналето од Мундијалот во Северна Америка, со цел да го оправда и овој неуспех на најголемата фудбалска манифестација. Роналдо шест пати учествуваше на светските првенства, но најголем успех му е четвртото место од 2006 година.
„Да кажеш дека европското првенство е еднакво со светското е смешно. Ако си неспособен да го освоиш најголемиот трофеј во фудбалот, не се обидувај да го девалвираш. Тоа е срамно“, рече Роберто Карлос.
Сличен став имаше и Зинедин Зидан кој истакна дека емоциите на европско и светско првенство се апсолутно различни, но и дека Португалците не освоиле светска титула и не знаат какво е чувството.
Роналдо и порано изјавуваше дека не можат „6-7 натпревари“ да ја одредат неговата кариера и тоа што луѓето го мислат за него, но останува запишано дека на шест светски првенства на кои што учествуваше постигна само 11 гола што во просек е помалку од два по шампионат.