Шок од Манчестер: Дефанзивец на Јунајтед најави крај на кариерата, на само 28 години

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед и Мароко, Нусаир Мазрауи навести дека Светското првенство би можело да биде неговиот последен професионален фудбалски ангажман.

Причината не е повреда или пад на формата, туку неговата желба да го посвети својот живот на религијата.

„По Светското првенство можеби ќе одлучам да се пензионирам. Животот е краток. Сакам да го научам Куранот напамет и еден ден да станам имам во џамија“, рече Мазрауи, кој има само 28 години.

Дефанзивецот е роден и израснат во Холандија, каде што беше младински играч на Ајакс. Баерн Минхен го купи од тимот од Амстердам во 2022 година, а тој е во Јунајтед во 2024 година.