Адвокат во солзи по историскиот бод на Курасао, Холанѓанецот откри зошто плачеше!

Курасао испиша историја откако одигра 0-0 против Еквадор и го освои првиот бод на Светските првенства, селекторот Дик Адвокат беше посебно емотивен после мечот.

Холандскиот стратег е трогнат од целата атмосфера која се случува околу репрезентацијата, поддршката која ја добиваат од навивачите и пожртвуваната игра на неговите фудбалери.

„Тоа што ме трогна е реакцијата на навивачите по поразот од Германија. Загубивме 1-7, а тие ги поздравија фудбалерите со огромен ентузијазам. Вообичаено следуваат критики за таков резултат, но тука се случи спротивно. Денеска екипата возврати на тоа, и ова беше прекрасен момент“, рече емотивниот Дик Адвокат.

Курасао со ова реми остана во игра за нокаут фазата, во последното коло игра против Брегот на Слоновата Коска.