Бивш руски репрезентативец се тужи со Фејсбук поради бизарна причина!

Поранешниот руски фудбалски репрезентативец Дмитриј Хохлов во јули поднел тужба против компанијата Фејсбук на Судот во Москва поради навреда на честа затоа што социјалната мрежа му го блокирала профилот.

Хохлов ја наведе и причината поради која е блокиран, а тоа е бизарно затоа што неговото презиме е слично со терминот „Хохол“, кој често се употребува како навреда за Украинците, а тоа алгоритмот на Фејсбук го натерал да го блокира неговиот профил.

„Моето име е блокирано. Ниту јас, ниту моите пријатели не можат да користат Фејсбук и Инстаграм нормално. Многу луѓе ми се јавија и ми кажаа дека секое споменување на моето име е блокирано. И тие беа блокирани на една недела“, вели Русинот.