Бивш бразилски репрезентативец: Бев во љубовна врска со мажи и со жени!

Поранешниот бразилски репрезентативец Ришарлисон Барбоса ја шокираше јавноста, откако на гостување во една емисија откри досега непознати детали од неговиот приватен живот.

Ришарлисон во емисијата кажа дека во минатото бил во љубовни врски и со мажи и со жени.

„Цел живот ме прашуваа дали сум геј. Бев во врска со мажи и со жени. Зборувам тука со вас и сега набрзо ќе се појави вест дека сум бисексуалец. Јас сум нормален, имам потреби и желби. Излегував со мажи, излегував и со жени, не гледам проблем во тоа“, вели Бразилецот.