Бекам е печатница за пари: За една објава заработи 300.000 долари!
Иако ја заврши својата фудбалска кариера пред седум години, тој се уште е „печатница за пари“, а најдобар доказ е неговата последна објава на социјалните мрежи.
Во центарот на вниманието сега е неговиот пост на Инстаграм каде го рекламираше новиот часовник Тудор. Компанијата го претстави „Блек Беј 58“, а за оваа реклама Бекам заработи околу 300.000 долари. Тој, исто така, доби часовник „Блек Беј 58“ од оваа компанија, кој чини околу 5.000 евра.