Бејл се врати на тренинг, па соиграч веднаш го истрола поради - голфот!

Реал Мадрид продолжува со предизвиците во шпанската Ла Лига, а следниот меч го играат против Реал Сосиедад. Се очекува Герет Бејл да заигра во првиот тим по 40 дена пауза, а репрезентативецот на Велс беше жестоко критикуван по прославата со соиграчите од неговата држава.

Тогаш Бејл се сликаше со знаме на кое беа подредени неговите приоритети по ред, а тоа беа Велс, голфот, па на крајот Реал Мадрид.

Денеска на тренингот во Мадрид, Бејл згреши додавање, а Мариано Дијаз веднаш го истрола поради голфот.