Бакљи горат, Комити од срце пеат: Поддршка за Вардар, но и за својот болен другар! (ВИДЕО)

Второто кортео на Комити низ Скопје, како најава за мечот меѓу Вардар и Фенербахче беше уште помасовно и погромогласно. Тие пееја не само за Вардар, туку и за свој болен другар.

Рутата низ Скопје, овој пат имаше посебна станица во Кисела Вода, пред домот на еден од своите, каде што пееја „Еден живот, една љубов“ за поддршка и за него и за неговото семејство. Потоа продолжија низ целиот град и повторно го „запалија“ најавувајќи го историскиот меч меѓу Вардар и Фенербахче, утре во 20 часот на арената „Филип Втори“.