Аталанта им ги врати парите на навивачите, а тие ги донираа на - болница!

Навивачите на Аталанта донирале 60.000 евра на болница во Бергамо, а станува збор за пари кои им биле вратени зашто мечот од ЛИгата на шампиони против Валенсија се играше пред празни трибини.

Клубот им ги врати парите на навивачите кои планирале да патуваат во Шпанија на 10 март за да присуствуваат на реваншот.

Наместо да ги прифатат парите, тие решиле да ги донираат веднаш на бонлица во Бергамо, а нивниот потег ја воодушеви италијанската јавност.

Бергамо беше најтешко погодениот град во Италија за време на пандемијата на коронавирусот.

„Разговаравме за најтрагичниот период на пандемијата кој го минавме благодарение на тимската работа. Како болница, соработувавме и со Аталанта, како и нејзините навивачи“, кажа директорот на болницата.