Пелистер без мака до победа во Радовиш, Пролет исто така убедлив

Ракометарите на Пелистер стигнаа до очекувана и убедлива победа од 37-21 на гостувањето кај Радовиш во рамки на 4.коло во Суперлигата од Групата Б. 

Битолчани имаа само еден потежок тренинг па се беше јасно кој е кој на натпреварот уште по првиот дел. Гостите водеа со 20-12, па вториот дел очекувано беше само продолжување на истата игра и темпо за конечна победа од 16 голови разлика. 

Костески со 8 голови беше најдобар кај Пелистер, Хосни постигна 7, а по шест голови постигнаа Радовиќ и Атанасијевиќ. Кај радовишани, Вјештица со 9 голови беше најефикасен. 

За Пелистер ова беше трета победа на четвртиот натпревар во групата Б, а има и едно реми со Пелистер 2. 

На вториот вечерашен натпревар во групата Б, Пролет исто така стигна до очекувана победа од 32-21 против Јуниор Кисела Вода.