Баерн сакаше да плати 70 милиони за него, а сега оди на позајмица во Баер

Калум Хадсон-Одои откако се проби во првиот тим на Челси изгледаше како ѕвезда во надоаѓање. 

Го привлече вниманието на Баерн Минхен, кој нудеше огромни пари за да го доведе во Германија. Челси одби неверојатни 70 милиони фунти во летото 2020 година. Само две години подоцна крилниот напаѓач е само бледа сенка на играчот, кој ветуваше многу.

Сега Хадсон-Одои заминува во Бундеслигата, но во Баер Леверкузен и тоа на едногодишна позајмица. Во зделката нема откупна клаузула, па Англичанецот ќе се врати на „Стемфорд Бриџ“ во летото 2023 година.