Тото Волф: Трките не се многу интересни поради Ферари и Ред Бул

Шефот на Мерцедес, Тото Волф кажа дека трките во Формула 1 оваа сезона не се интересни поради Ферари и Ред Бул, кои доминираат на патеките.

Волф очигледно не е среќен што возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел не се конкурентни како нивните големи ривали, па затоа реши да се пожали.

„Мислам дека причината зошто трките не се многу интересни е во тоа што има голема разлика во перформансите меѓу болидите на тимовите. Може да го забележите Верстапен како брзо исчезнува пред вас, а зад него и двата болида на Ферари“, кажа Волф.