Костадин Петров од Вардар на Исланд кај Алушовски
Исландската екипа синоќа го промовира новот засилување, договорено за една сезона, со можност за продолжување. Тор е екипата во која Томислав Јагуриновски одигра половина сезона и се прикажа во добро светло, а демонстирра и личен напредок, преку натпреварите за репрезентацијата.
Од летото 2021, Стевче Алушовски е предводник на овој тим, а на крајот на минатава сезона го продолжи договорот на уште три години и покрај тоа што не успеа да го внесе во првата лига.
Петров, кој во март наполни 30 години, доаѓа откако минатата сезона ја почна во Металург, а ја заврши во Вардар. Во својата кариера има настапувано за Борец, Куманово, Радовиш, Металург и за Пелистер, а ова ќе биде негово трето интернационално искуство, по Сучеава во Романија и Гвадалахара во Шпанија.