Се случи најепското фудбалско промашување што ќе го видите во вашиот живот! (ВИДЕО)
На средбата меѓу Валор и Вондерерс, по 17 минути игра, домаќините имаа контра по која Алесандро Риџи ја шутна топката во празниот гол. Таа дури и ја мина гол-линијата - не со целиот свој обем - и повторно не беше гол! Причината е несфатливиот потег на неговиот соиграч Вилијам Акио, кој ѝ налета на топката да ја „дошутира“ во празната мрежа, но наместо тоа ја изби надвор од голот како да е првокласен дефанзивец.
Вакво нешто тешко е да се изведе и за одбранбен фудбалер, камо ли за играч кој сака да постигне гол. Освен ако не сакал, се разбира.
На крај, Валор, сепак, го доби дуелот со 1-0 и правдата беше задоволена.
What has just happened?! 😳
— SPORTbible (@sportbible) July 10, 2022
He's cleared his team-mates shot off the line??? 🤯pic.twitter.com/jVWGrApdt2