Зидан по стапките на Конте: Бил на пресадување на коса

Зинедин Зидан наскоро ќе има нов стајлинг, бидејќи изминативе денови бил во Истанбул, Турција, на пресадување на коса. 

Легендарниот француски фудбалер и тренер, веќе никој не го памети со коса, бидејќи оќелави релативно млад. Според турскиот весник, „Хуријет“, Зидан неколку денови бил во луксузен хотел во населбата Бешикташ за време на процедурата за пресадување коса. 

„Хотелската резервација и процедурата за пресадување на коса биле на име на неговиот менаџер. По процедурата тој тајно се вратил во Франција“, пишуваат турските медиуми. 

Ќе почекаме одредено време да видиме дали овие шпекулации се вистинити и дали Зидан навистина ќе го врати младешкиот изглед од пред повеќе од 20 години. 

Слична процедура за пресадување коса во минатото направи и актуелниот тренер на Тотнем, Антонио Конте.