Кирјос: Тренерот ме влечеше во четири часот наутро за да играм против Надал
Кирјос пред дуелот излезе во црвени патики на теренот, а по дуелот имаше и црвена капа со што ги прекрши правилата на Вимблдон и не носеше ништо бело.
Контроверзниот тенисер на прес-конференцијата откри еден интересен момент од пред неколку години.
„Тренерот ме влечеше од паб во четири наутро за да играм против Надал. Тој мораше да дојде во пабот и да ме извлече од таму, затоа што следниот ден требаше да излезам на Централниот терен на Вимблдон. Меѓутоа, многу напредував во последните години и мислам дека влијание на тоа имаше мојата дневна рутина и луѓето кои се околу мене“, кажа Кирјос.