Вардар го претстави третото летно засилување - Дарио Десниќ

Фудбалскиот клуб Вардар продолжува да се екипира за новата сезона во Втората лига. „Црвено-црните“ денеска го промовираа Дарио Десниќ, кој е третото засилување по Симеон Христов и Јован Попзлатанов.

Офанзивецот потпиша едногодишен договор со најтрофејниот македонски клуб. Десниќ лани во дресот на Скопје во Првата лига постигна само два гола, а имаше и две асистенции на 30 одиграни натпревари.

Најголем дел од кариерата ја мина во дресот на тимот од Автокоманда, но во минатото играше и за Силекс, Кадино, Тетекс и Борец.