Љуботен ги дозна ривалите во женската Лига на шампиони

Македонскиот фудбалски првак во женска конкуренција Љуботен ги доби ривалите во квалификациската група во рамки на Лигата на шампиони на УЕФА.

По ждрепката тетовките се најдоа во рамки на групата 9, каде за ривал во полуфиналето го добија австрискиот шампион Сент Пелтен. За нашиот тим да мине во следната рунда, прво треба да го совлада Сент Пелтен, а потоа да игра и со подобриот од второто полуфинале помеѓу белорускиот тим Динамо и Локомотив Стара Загора од Бугарија. 

Љуботен е домаќин на турнирот во својата група. Полуфиналните натпревари се играат на 18 август, додека финалето и дуелот за третото место се три дена подоцна.