Србите веќе слават: Партизан по осум години се враќа во Евролигата!

Поранешниот европски шампион, екипата на Партизан, по осум годишна пауза следната сезона повторно ќе бидат дел од кошаркарската Евролига, откако се појави информација дека се еден од само двата тима што се пријавиле за добивање специјална покана за пополнување на празните места поради суспензијата на руските ЦСКА и Зенит.

Оваа вест денеска на големо се споделува во Србија, каде што очекуваа в четврток таа само формално да биде потврдена од Бордот на Евролигата. Тоа значи дека Партизан и Црвена звзда освен во АБА и на домашна српска сцена, следната сезона ќе војуваат и во евролигашката конкуренција.

Вториот тим заинтересиран за влез меѓу најдобрите е шпанска Валенски, за која настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ.