Мареј го загуби маратонот: Беретини се врати по долга пауза и го освои Штутгарт
Беретини не играше на сезоната на земјени турнири поради повреда, па добро се подготви за тоа што следи на трева и веднаш освои турнир, кој ќе му послужи како „загревање“ за Вимблдон.
Мечот траеше два часа и 35 минути, а Мареј знаеше на моменти како да го надмудри Беретини, но сепак остана без сила во последниот сет, кој му припадна на Италијанецот со 6-3.
Мареј во последно време почна да игра како во минатото, па пласманот во финале на Штутгарт ја потврди неговата добра форма.