Куманово со пресврт до победа кај најслабиот Радовиш!
Радовиш имаше изненадувачко водство на полувремето од 12-10, но Куманово успеа да го сврти резултатот во вториот дел и на крајот да дојде до победа од 28-24.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Тоше Ончев со осум голови, кај гостите Васе Петров реализираше пет.
Во следното коло Куманово е домаќин на Пролет, а Радовиш гостува на екипата на Струга.
Фото: МРК Куманово