Клинсман: Во Италија, Јамал и Мусиала би играле во - Серија Б!
По новиот голем неуспех на Италијанците и третото пропуштено Светско првенство по ред, се зборува за реформи во италијанскиот фудбал.
Роберто Баџо ги предупредуваше уште пред многу години, но беше променет од позицијата кога им кажа што се треба да сторат.
Можеби по овој неуспех конечно ќе направат некои промени, а една од нив е да им даваат шанса на младите италијански фудбалери.
Во Италија за разлика од другите првенства, младите играчи тешко добиваат шанса да се покажат.
Токму тоа го потенцираше Јирген Клинсман кој на времето го носеше и дресот на Интер.
„Во Италија, Ламин Јамал и Јамал Мусијала веројатно ќе играа во Серија Б за да стекнат искуство...“, рече Клинсман потенцирајќи го апсурдот на фудбалот во Италија.