Лаутаро Мартинез се искачи на третото место на вечната листа на стрелци на Интер (ВИДЕО)

Екипата на Интер има водство во дербито со Рома на домашен терен откако уште во втората минута погоди Лаутаро Мартинез.

Со тоа, аргентинскиот ас уште еднаш го запиша своето име меѓу легендите на клубот од Милано. Од денеска, тој е трет стрелец во историјата на Интер со 172 гола, еден повеќе од Роберто Бонинсења со кого досега ја делеше позицијата.

Лаутаро има реални шанси до крајот на кариерата да го достигне и второпласираниот Алесандро Алтобели кој му бега 37 гола, додека далеку на првото место е легендарниот Џузепе Меаца со 287.