Четврти гол сезонава на Аврамовски, но Сива не освои ни бод (ВИДЕО)

Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски го постигна четвртиот гол сезонава во Втората лига на Турција.

Неговиот тим Сива доживеа пораз од Ерок на домашен терен со 1-3, а Аврамовски беше стрелец на единствениот погодок за својата екипа. Нашиот фудбалер влезе во игра на почетокот на второто полувреме, а погоди во 88. минута, на асистенција на уште еден македонски интернационалец Ваљон Етеми, за намалува на негативата на 1-2 во тие моменти. Сепак, во судиското продолжение Ерок постигна уште еден гол и го постави конечниот резултат.

Сива со овој пораз испушти голема шанса да се доближи до седмото место кое води во плејофот, но до крајот има уште пет кола и доволно време да се надополни испуштеното.