Хрватски хулиган претепан на дербито избегал од болница!
Повредениот Хрват е еден од четворицата најтешко повредени хулигани од синоќешната масовна тепачка. На ВМА има уште еден хрватски државјанин, а според информациите од болницата, повреден е и еден Македонец, како и еден Грк.
Српските и хрватските меидуми објавија денеска дека во масивната тепачка, во која во позадина стојат криминални банди била за превласт на јужната трибина, а во истата како „пучисти“ имало неколку Хрвати, кои биле повикани на помош за да се освои превласта на трибината.
Во хаосот, исходот е 20 повредени и 26 уапсени лица, од кои еден Хрват со најтешки повреди – нагмечување на мозокот и хематом.