Вимблдон не попушти: Русите и Белорусите не може да играат во Лондон!

Раководството на Вимблдон не попушти по притисокот од АТП и соопшти дека на руските и белоруските тенисери нема да им биде дозволена настап на третиот гренслем-турнир во сезоната.

Русите и Белорусите не може да играат во Лондон поради воената ситуација во Украина, односно одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да изврши инвазија.

„Во име на Ол Ингланд клубот и организацијата на натпреварувањето, сакаме да испратиме силна поддршка до тие кои се погодени од конфликтот во Украина во овие тешки моменти. Ги земавме во предвид препораките од Владата. Поради тоа, со многу жал мора да соопштиме дека на руските и белоруските спортисти не им е дозволен настап на Вимблдон оваа година“, соопшти раководството.