
Варди го објасни потегот со кој стана хит: Морав да ја прекинам играта
Во победата на Лестер од 2:0, сцена што ги насмеа фановите ширум светот се случи кога главниот судија Дејвид Веб падна на тревата по контакт со напаѓачот на „лисиците“ Џордан Ају. Веб кој беше повреден не можеше веднаш да ја прекине играта, па на сцена стапи никој друг туку Варди.
Без да размислува, 37-годишниот напаѓач му го одзедее свирчето од устата на судијата и само засвири прекинувајќи ја играта во момент кога Саутемптон тргна во брз напад по левата страна.
„Го видов судијата како лежи, а Саутемптон тргна во офанзива. Знаев дека треба некој да ја прекине играта, па јас свирнав“, објасни Варди по натпреварот, дополнително потврдувајќи ја својата репутација на оригинален и секогаш подготвен да реагира.
Овој натпревар беше уште посебен и поради фактот што Варди го постигна својот 199. гол за Лестер, токму во својата последна сезона со клубот. Варди веќе официјално најави дека на крајот на сезоната ќе го напушти клубот, со што ќе заврши една златна ера за „лисиците“.
Just Jamie Vardy things 😂 pic.twitter.com/xaCj4fiQ27
— Leicester City (@LCFC) May 3, 2025