Несторовски со гол ја заврши сезоната во Серија А (ВИДЕО)
Деулофеу прв ја затресе мрежата на екипата од Салерно, а потоа Несторовски погоди за водство од 2-0, додека до крајот на првите 45 минути Удинезе погоди уште еднаш.
Переира промаши удар од белата точка во шестата минута од судиското надополнување во првото полувреме, но потоа ја поправ својата грешка и во 57. минута ги постави конечните 4-0.
Каљари имаше шанса да избега од опасната зона, но не успеа да ја победи последнопласираната Венеција (0-0), па следната сезона и двата тима ќе играат во Серија Б.