МЗТ Скопје се загреа со ФМП за битката за пласман во АБА-лигата!

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје ја освои Кисела Вода и лесно ја победи академија ФМП со 98-87, за да се загрее за предизвикот идната недела, да ја обезбеди визата за АБА-лигата на фајнл-ејт турнирот кој го организираат „штрковите“ во АБА2.

Академија ФМП имаше сила да се држи до пред крајот на втората четвртина, по што пресуди поголемиот квалитет кај аеродромци, кои во вториот дел дојдоа до најубедливите плус 18 (56-74) и беше јасно дека ќе победат, па неизвесноста остана само со колкава предност.

Тренерот Александар Петровиќ, кој има максимален ефект откако токму од ФМП се врати по долг период во Аеродром во завршницата ги одмори најдобрите за да им ја сочува свежината за битката за АБА-лигата, па Академија ФМП дојде до минус пет, но металците знаеа како да го исконтролираат мечот во завршницата и да слават победа.

Рикиќ и Николов со по 17 поени беа најефикасни кај МЗТ, додека Ајви и Тодоровски со по 16 поени беа први кошгетери за домаќините.