Маскерано заминува од Барселона поради Меси

Аргентинскиот репрезентативец Хавиер Маскерано се подготвуваа веќе во јануари да ги напушти редовите на Барселона.

Од доагањето на Ернесто Валверде на клупата на каталонскиот клуб, статусот на Маскерано во тимот драстично се смени. Аргентинецот беше стандарден до пред почетокот на оваа сезона, но сега воглавно ја грее клупата за резервни фудбалери.

Маскерано веќе испратил порака дека ќе ја напушти Барселона, но не сакаше да открие дали тоа ќе се случи во јануари или по крајот на сезоната. Но, медиумите во Шпанија се убедени дека аргентинскиот дефанзивец веќе кон почетокот на 2018 година ќе ја побара среќата во друг клуб.

Како што пишува „Диарио Гол“, Лионел Меси одлучил да разговара со Маскерано и го советувал дека му е подобро да ја напушти Барселона и да побара друг клуб во кој ќе биде стандарден, за да добие повик за настап на Светското првенство идното лето.