
Галатасарај се сложил на една чудна клаузула во преговорите со Наполи за Осимен!
Сумата веќе одамна е дефинирана, Галата ќе плати 75 милиони евра колку што е висока откупната клаузула, но деновиве се преговара за начинот на кој таа ќе биде исплаќана и се пеглаат други детали.
Галатасарај ќе плати 40 милиони евра веднаш и 35 милиони евра до крајот на 2026 година.
Во договорот меѓу двата клуба ќе има и една необична клаузула, а тоа е дека Галатасарај нема да смее да го продава играчот на други италијански клубови во наредните две години.