Шпанците во шок: За само шест месеци „издишаа“ мускулите на Бејл (ФОТО)

Јавноста често била сведок на различни трансформации кај спортистите, било во подобрување на мускулите или зголемување на килограмите, но тоа што изминатиов период му се случува на Герет Бејл, фудбалерот на Реал Мадрид, ги остави Шпанците во шок.

Велшанецот денеска објави фотографија од тренингот на „кралевите“, прва од ваков тип по долго време, која донесе бурни реакции во јавноста, особено ако се спореди со неговиот изглед од пред само шест месеци. Мускулите на Бејл како целосно да издишаа, односно буквално се преполовени, што е доказ дека тој воопшто и не тренирал во периодот во кој е надвор од натпреварувачкиот ритам.

„Бејл не е повреден, но не се чувствува добро. Треба да направиме сѐ тој да биде добар. Кога не се чувствувате добро, тогаш се плашите дека ќе имате проблеми“, изјави тренерот Карло Анчелоти.

Репрезентативецот на Велс сезонава одигра вкупно 193 минути, што значи дека за секоја минута на теренот бил платен неверојатни 90.000 евра, поради што беше прогласен за можеби најголемиот паразит во светот на фудбалот. Пред него се последните шест месеци од договорот со Реал Мадрид, каде што годишно заработува 18 милиони евра. Последен пат дресот на мадриѓани го облече на 28 август минатата година.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Gareth Bale (@garethbale11)

Бејл во шпанската престолнина пристигна од Тотнем во 2013 година за рекордна сума од 101 милиони евра и зад себе има многу трофеи, вклучувајќи и четири во Лигата на шампионите. Местото првотимец го загуби во сезоната 2018/19, по што извесен период беше на позајмица во Тотнем, но никаде не заигра на препознатливото ниво.