Ница гази сè пред себе во Лига 1 (ВИДЕО)

Ница славеше со 2-0 на гостувањето кај Мец во рамки на 22.коло во Лига 1 и ја запиша петтата победа по ред. 

Кепрен Тирам погоди за 0-1 во 58.минута, а Амин Гурии ги постави конечните 0-2 од пенал во 86.минута. 

Ница моментално е на второто место на табелата во Лига 1 со 42 бода, осум помалку од лидерот ПСЖ и два повеќе од третопласираниот Олимпик Марсеј, кој има и натпревар помалку.