Исланд е земја на чудата: Фудбалот го замени со ракомет, па ја уништи моќната Франција!

Исланд е земја на чудата, зашто за земја која има едвај 400.000 жители има фантастичен колективен спорт, пред сѐ во фудбалот и ракометот, иако посебно во ракометот никогаш не исчекорија кон некој важен спорт.

Без оглед што Македонија на „рибарите“ им одржа фудбалска лекција лани и преку нив дојде до мундијалски бараж, Исланд беше хит поради настапите на Еуро 2016, па СП 2018, зашто станува збор за исклучително мала земја, со поголема традиција во зимските спортови, очекувано за скандинавците.

И тој Исланд вчера успеа да го урне олимпискиот шампион Франција. Ама, не само да го урне, туку и да го понижи. И сега „рибарите“ се во трка за играат за финале, па и за титула, а во спектакуларната победа против „триколорите“ со 29-21 беше без најголемите имиња моментно во составот на Гидмундур Гудмундсон, кој не сметаше на првата виолина Палмарсон, потоа на Сигурдсон, Самарсон и уште неколкумина. Ама, покрај маестралните Халгримсон и Магнусон, се издвои едно име Виго Кристјансeн, кој даде девет гола за 35 минути игра.

И ова ништо не би било чудно, ако Кристијансeн нема приказна за анали. Зашто до пред девет години беше фудбалер и тоа младински репрезентативец на својата земја, играше квалификации за Лига Европа со Бреидаблик во 2013 година и после тоа копачките решил да ги замени со патики, а зелениот терен со герфлор во сала, па фудбалерот стана ракометар.

Дури на свои 20 години почна сериозно да се занимава со ракомет, па преку дански Рандерс и австриски Вест Виен до 2019 година го сврте вниманието на германски Лајпциг, а оттаму стигна до Вецлар, каде е македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски.

Дури во 2020 година стигна до исландската репрезентација, а од Вецлар замина во Штутгарт, за потоа повторно да се врати во Лајпциг.

На крај, мечот со Франција Кристијансeн ќе го памети зашто две години откако го остави фудбалот, а беше младински шампион, исландската генерација играше на младинско ЕП, а потоа „златната генерација“ стигна до историските Еуро 2016 и СП 2018.