Пливачите на принуден одмор: Од денеска затворени сите базени во Македонија?! (ФОТО)

Тешки денови им претстојуваат на македонските пливач(к)и, откако се појавија информацијата дека од денеска со работа престана и последниот базен.

Големата енергетска криза и проблемите со греењето, најверојатно, ги примора концесионерите со пливачките објекти да се „фатат“ за едноставното решение, а тоа е да стават „клуч на врата“, без притоа да размислуваат за спортистите на кои им е неопходен секојдневен тренинг. Ова е огромен удар за сите пливачки и ватерполо клубови во државата, особено за најнадежните кои се спречени да ја одработат предвидената програма, со цел да бидат максимално подготвени за големите натпреварувања на кои ја претставуваат Македонија.

Веста за затворање на последниот отворен базен ја обзнани братот на најдобриот македонски пливач и поранешен светски шампион во далечинско пливање, Евгениј Поп Ацев на социјалните мрежи, предизвикувајќи лавина коментари во кои се изразува неверица дека во државава немаме ниту еден функционален базен каде што спортистите би тренирале.