Вардар тргна со подготовките за пролетна офанзива кон Првата лига (ФОТО)
Голманот Филип Гачевски и фудбалерот за врска Дарко Мицевски се двете бомбастични засилувања зимава кои освен квалитет, со големото искуство треба дополнително да помогнат на црвено-црниот тим во трката за враќањето во македонската елита, а на пролет вардарци ќе тргнат како третопласирани, но лидерот Силекс убедливо бега за директен пласман, па многу поизвесна е битката со Воска спорт за второто место и баражот преку кој ќе се бара кам-бекот во прволигашката конкуренција.
Вардарци до 24 јануари ќе се подготвуваат во Скопје, а потоа заминуваат во Анталија каде преку конторлни мечеви ќе се бара формата и идеалните 11 кои на пролет ќе тргнат во офанзивата.
ФОТО: ФК Вардар