Шпанците го нападнаа Надал: Ѓоковиќ се бори за слобода, ти го изгуби достоинството!

Рафаел Надал претера со неговиот коментар за Новак Ѓоковиќ, кој не застана во поддршка за неговиот колега и тоа ги налути Шпанците кои испратија брутални пораки кон поранешниот најдобар тенисер во светот.

Ѓоковиќ веќе неколку дена е сместен во „притвор“ во кој има очајни услови за живот и во кој наводно биле сместувани криминалци и други мигранти, а Надал се „исмејуваше“ на тоа.

„Јас сум Шпанец, но повеќе ме претставува Ноле, а не луѓето како тебе. Знаеш на кого се надевам дека ќе победи“, напиша еден Шпанец.

„Веќе имаме и победник... но благодариме за предупредувањето, повеќе сакам некој кој ја брани слободата од титулата...“, пишува друг навивач.

„Дури и да победиш, ќе бидеш поразен. Мене колегите ми се пред секој трофеј, а денеска ми е срам да видам како за тебе е поважно да го понижиш ривалот. Жал ми е за тебе“, беше уште една порака испратена до Надал.