Кутињо се враќа во Бразил на позајмица - има две понуди

Филипе Кутињо сака да ја напушти Барселона во јануарискиот преоден рок и да ја воскресне својата кариера во родниот Бразил. 

Еден од најскапите фудбалери во светот не се прослави во дресот на Каталонците откако го напушти Ливерпул. Тој е „закован“ на клупата на „Камп Ноу“ и не добива минутажа.

Неговата желба е да се врати во Бразил на позајмица до јуни 2022 година, а потоа би разговарал со челниците на Барселона за трансфер. Кутињо има понуди од два бразилски клуба, а тоа се Атлетико Минеиро и Палмеираш.