Барди: Ми беше тешко на почетокот, но сега сум фокусиран на следните предизвици

Македонскиот репрезенативец Енис Барди по пауза нешто повеќе од месец, откако го повреди бутниот мускул, се врати на фудбалските терени и доби шанса во поразот од Севилја со 3-5 во шпанската Ла лига.

Барди кажа дека претходниот период му бил многу тешко затоа што не можел да игра и да им помогне на неговите колеги од Леванте.

„Секое отсуство ги чини скапо фудбалерите. Мене ми беше тешко на враќањето, но тоа е минато и во моментов сум фокусиран на следните предизвици. Сакам да освоиме што е можно повеќе бодови на домашен терен бидејќи тука сме посилни“, кажа Барди.

Македонскиот фудбалер пред натпреварот со Атлетико Мадрид кажа дека секој следен предизвик е тежок, но ќе се потрудат да извлечат добар резултат.

„Во моментов секој меч е многу тежок, но верувам во нашите квалитети и се надеваме на позитивен резултат“, вели Барди за „Мундо Депортиво“.