Ристовска со мајсторски гол доби место во топ-5 во ЛШ (ВИДЕО)

Македонската ракометарка Сара Ристовска беше дел од ЦСКА Москва во триумфот против актуелниот шампион Вајперс Кристијансанд (27-24) во Лигата на шампиони (ЛШ), а еден од нејзините голови беше избра во топ-5 во изборот на ЕХФ.

Ристовска постигна четири погодоци во мечот против првакот, а мајсторскот гол на средината на второто полувреме беше избрана за петти најдобар гол во ЛШ за минатото коло.